Новите случаи на Ковид-19 се дуплираа во последните месец дена ширум Европа     Фото: 

Бројот на случаи од Ковид-19 би можел да расте во текот на летото и да доведе до повеќе смртни случаи. На ова предупредува регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, др. Ханс Хенри П. Клуге во интервју за Агенција Анадолија (АА). Хенри истакна дека новите случаи на Ковид-19 се дуплираа во последните месец дена ширум Европа.

„Треба да бидеме загрижени поради било какво зголемување на активноста на Ковид-19 во Европа, а тоа е силен потсетник дека не излеговме од проблемот. Зголемената инциденца (застапеност) кај луѓето кои се во ризик од тежок Ковид-19 ќе доведе до зголемен број хоспитализации, повеќе пореметувања во основните здравствени услуги и за жал, може да доведе до пораст на смртните случаи“, вели Хенри.

Најважна порака е луѓето да се вакцинираат против Ковид-19

Според него најважна порака која може да ја испрати до луѓето е да се вакцинираат.

„Особено оние поединци кои имаат хронични болести и повозрасни граѓани. Неколку држави во европскиот регион, особено во источниот дел, имаат низок степен на прифаќање на вакцините во овие приоритетни групи (помалку од 50%). Вакцините овозможуваат најдобра можна заштита од тешки болести и смрт“, порачува директорот на СЗО за Европа.

Запрашан за тоа кои фактори придонеле за ненадеен летен бран на Ковид-19 во Европа, тој оценува:

„Ова лето гледаме две работи, што исто така е образец кој го приметивме во текот на изминатите две лета. Прво е ширењето на новата варијанта, овој пат подваријанти на омикрон наречени БА.4 и БА.5, и второ, зголемен број патувања, собири и настани во текот на летните месеци.“

Хенри истакнува дека без оглед на варијантата, Ковид-19 може да биде многу сериозна болест и може да доведе до тешки краткорочни и долгорочни последици по здравјето.

„Затоа не смееме да бидеме задоволни. За поединци тоа значи вакцинација и барање додатни дози ако се достапни, одржување на хигиената на рацете и носење маска на места каде има гужви и каде социјалната дистанца не е можна. За владите тоа значи континуиран надзор на трансмисијата на заразата во заедницата за да брзо се идентификуваат жариштата и да се воспостават потребните мерки на контрола“, потенцира Хенри.

Одлуките на владите треба да бидат научно основани

Во поглед на тоа дали владите избрзале со одлуките на олабавување на мерките за заштита од коронавирусот, тој вели дека сите влади мораат да донесуваат одлуки за јавното здравство, кои одговараат на нивната епидемиолошка ситуација, единствен контекст и култура.

„Нивните одлуки меѓутоа, треба да бидат засновани на наука“,

AA
Популарни