Новиот анимиран филм „Супер Марио“ во кината во пролет 2026 година / Photo: AA

Нов анимиран филм на популарниот лик од видеоиграта „Супер Марио“ ќе биде објавен низ светот во април 2026 година.

Според соопштението на јапонскиот производител на конзоли и игри Нинтендо, новиот анимиран филм „Супер Марио“, кој ќе се снима во соработка со американскиот продуцент за анимации, компанијата Илуминејшен, ќе излезе во 2026 година.

Новиот филм ќе биде пуштен за меѓународната публика, вклучително и во Соединетите Американски Држави (САД), на 3 април 2026 година, а за јапонската публика на 26 април истата година.

Продуценти на филмот ќе бидат Мијамото Шигеру, еден од дизајнерите на „Супер Марио“ и еден од раководителите на Нинтендо, и извршниот директор на компанијата Илуминејшен, Крис Меледандри.

Продукцијата заеднички ќе ја финансираат јапонската компанија Нинтендо и Илуминејшен јуниверзал пикчрс.

Играта, издадена од Нинтендо под името „Марио Брос“ во 1983 година и „Супер Марио Брос“ во 1985 година, беше многу популарна меѓу љубителите на видеоигрите најпрво во Јапонија и Северна Америка, а подоцна и во Европа и други делови од светот.

AA
Популарни