Рибарот Нурхак Јазар уште од детството лови риба во ескимо стил на замрзнатото езеро Ајгир во североисточната турска провинција Карсу.
Овој 43-годишен маж три децении им пркоси на екстремните зимски услови за да стигне до својот улов под дебелиот слој мраз.
Јазар, кој исто така одгледува добиток, пристигнува во езерото во раните утрински часови за да ископа дупка на ледената површина на езерото во заштитеното природно подрачје на областа Сусуз.
Потоа низ тие дупки ја спушта рибарската мрежа во водата и својот улов го чека на езерото кое се наоѓа на надморска височина од 2.300 метри.
AA