Рефик Анадол, турски уметник кој користи вештачка интелигенција (АИ) во Давос    Фото: AA

Еден од пионерите на естетиката наречена „цртање со податоци“, светски познатиот уметник Рефик Анадол создаде наменска инсталација во Давос која има цел да го покрене прашањето за климатските промени, еден од најголемите проблеми со кои се соочува човештвото.

Скулптурата со податоци која е наречена „Вештачки реалности: Корален гребен“ е базирана на речиси 1 милијарда слики од корални гребени кои се обработени со помош на класификациски модели за машинско учење.

Поврзан е дигитален еко-систем на податоци и природна средина која зрачи со безбројни живи еко-системи, целејќи да го искористи потенцијалот како на метаверзумот така и на блокчејн економијата за да го олесни проблемот со глобалните климатски промени.


Делото е создадено со обработка на над милијарда слики     Фото: AA AA

„Ова уметничко дело фокусира стотици милијарди слики од подводна флора и фауна за да се види дали има каква било шанса да се реконструира она што го изгубивме во еко-системите“, изјави уметникот.

„Генеративната вештачка интелигенција (АИ) реконструира речиси (целосно) реални суштества, резултати кои се надеваме дека еден ден ќе можат да се користат под вода за создавање еко-системи“, објаснува Анадол.

„За жал, поради климатските промени, изгубивме поголем дел од нашите корали и прашањето на форумот е како можеме да ги искористиме уметноста, науката и технологијата за да го реконструираме изгубеното“, додава тој.

Наведувајќи дека Светскиот економски форум придава големо значење на креативните техники на вештачката интелигенција за решавање на проблеми како климатските промени, Анадол вели дека користел најмодерни алгоритми во проектот, „најверојатно најкомплексната вештачка интелигенција на ова поле во светот“.

„Нашата цел беше да одговориме на прашањето што можеме да направиме за да ја вратиме вредноста на погодените целини, како коралите. Сакавме да се обидеме да го разбереме ова не само во физичкиот свет, туку и во метаверзумот. Во оваа смисла, се обидовме да произведеме корали кои се многу блиски до реалните“.

„Ја трансформиравме оваа активност во уметничко дело и успеавме да го создадеме звукот што го слушаме, визуелните елементи што ги гледаме и, покрај тоа, мирисот - вештачкиот океански мирис базиран на вештачка интелигенција“, додаде тој.

„Мислам дека ова е прв пат турски уметник да споделува работа на оваа платформа и во ваков обем. Многу сум горд“, вели Анадол.

Под темата „Соработка во фрагментиран свет“ на годинешниот Светски економски форум ќе учествуваат имиња кои ја обликуваат глобалната политика и деловниот свет.

Форумот кој започна во понеделникот ќе собере над 50 шефови на држави и влади, со присуство на над 1.500 директори на компании, како и министри, гувернери на централни банки и предводници на финансиски институции, но и активисти, уметници и научници.

AA
Популарни