Истражувањето покажало дека делфините лековите ги апсорбирале преку кожата / Photo: AA

Неколку делфини во Мексиканскиот Залив биле позитивни на кокаин и моќни лекови против болки, а шокантната нова студија покажала дека нежните морски суштества имаат висока содржина на дрога од класа А, како и фентанил.

Испитувањето покажало дека животните не ги свариле супстанциите преку морската вода за пиење, што не го прават, туку лековите се апсорбирале преку кожата.

Тестирани се вкупно 89 делфини, а кај 24 е утврдено дека се позитивни на лекот против болки, кој е 100 пати посилен од морфинот.

Седативот наречен мепробамат и мускулниот релаксант карисопродол, исто така, беа пронајдени во мастите на тестираните животни, но не беа дадени дополнителни детали за проблемот со кокаинот.

Експертот за цицачи Дара Орбах рече дека фармацевтските производи станале микрозагадувачи и се растечки глобаленризик бидејќи нивното присуство е забележано во слатководните екосистеми, реките и океаните ширум светот.

„Делфините често се користат како биоиндикатори за здравјето на екосистемот во истражувањето на загадувачите поради нивните маснотии богати со липиди што може да складираат загадувачи“, рече Орбах.

Студијата дојде неколку недели откако и ајкулите во Бразил беа позитивни на кокаин.


TRT Balkan / агенции
Популарни