Микрочипот пронајден од персоналот во Здружението за посвојување животни Гросе Поинт во Детроит ги идентификуваше сопствениците на Мишка и откри дека таа поминала 3.700 километри откако го напуштила домот во Сан Диего
Куче кое исчезна во Калифорнија беше пронајдено на повеќе од 3.700 километри подалеку од својот дом во предградието на Детроит, што предизвика драматично обединување со неговите сопственици.
Полицијата ја зеде кучката Мишка, мешавина од расата териер, која исчезна во јули минатата година во Калифорнија и ја однесе во засолниште за животни откако жител на Харпер Вудс, во средозападната држава Мичиген пријавил куче скитник во близина.
Вработените во здружението за посвојување животни Гросе Поинт (ГПААС) открија дека кучката има микрочип, кој ги идентификуваше нејзините сопственици дека живеат 3.770 километри подалеку- во Сан Диего, иако не беше јасно како таа стигнала до Мичиген.
Сопственикот Мехрад Хуман и неговото семејство случајно биле на одмор во градот Минеаполис во среднозападната држава Минесота кога од ГПААС ги информирале дека била пронајдена Мишка.
Иако возењето од Минеаполис до Детроит за да ја соберат Мишка од засолништето било пократко од патувањето од Калифорнија, на Хуман сепак им биле потребни 10 часа за да се видат со миленичето.
„Ова е приказна што Холивуд би сакал да ја раскаже“, се вели во објавата на GPAAS на Фејсбук.
Сликите и видеата што ги сподели групата покажаа дека Мишка, мрзливо, мало, белокосо куче, мавта со опашката додека се соединуваше со своите сопственици.
„Ова е среќниот крај што сите го посакувавме“, напиша ГПААС.
Од здружението додаваат дека Мишка по поминатите над 3.700 километри во Калифорнија ќе се врати со авион, откако била прегледана од ветеринар.