Amorphophallus titanum потекнува од индонезискиот остров Суматра, а во дивината останаа помалку од 1.000 поединечни растенија / Photo: AA

Титанум арумфофалум (Amorphophallus titanum), познат како „мртовечкиот цвет“ или цветот со најлош мирис на светот и Аристолокиа голдеан (Aristolochia goldieana), едно од најретките цвеќиња во светот, првпат процветаа истовремено во Кралската ботаничка градина во Лондон.

Како што соопшти ботаничката градина, Aristolochia goldieana процветала третпат во својата историја во таа ботаничка градина.

Соопштено е дека првиот цвет на Aristolochia goldieana, кој е висок три метри и живее околу 48 часа, процветал во 1990 година, а вториот во 2023 година.

Тие наведоа дека Amorphophallus titanum, како и Aristolochia goldieana, исто така, ненадејно процветале.

Мртовечкиот цвет, кој е во ботаничката градина од 1889 година, првпат процветал во 1926 година. Тогаш интервенирала полицијата поради големиот интерес на граѓаните.

Титанум арумфофалум го добил својот прекар поради неговиот непријатен мирис, кој некои го опишуваат како мирис на гнило месо, додека според други мириса на гнила храна.

Титан арум цвета еднаш на шест или седум години, а ботаничката градина во Лондон има 12 примероци. Цветот цвета само еден до три дена, иако се потребни и до десет години за да се достигне таа фаза.

Тоа е еден вид имитација на мирисот на гнило месо за привлекување муви кои ќе го опрашуваат, пренесувајќи го поленот на други цвеќиња со кои би можеле да се оплодат.

Поентата на мирисот е да привлече месојадни инсекти што влегуваат во цветот и остануваат заробени. Додека се обидуваат да излезат, тие на своето тело навлекуваат полен што потоа го шират понатаму, а откако цветот ќе овене, тие се ослободуваат.

Amorphophallus titanum потекнува од индонезискиот остров Суматра.

Меѓународната унија за зачувување на природата ја наведе како загрозена, а во дивината останаа помалку од 1.000 поединечни растенија.

AA
Популарни