Кучињата поминалe низ едногодишен процес и обука / Photo: Reuters

Специјално обучени кучиња на аеродромот ИГА (Истанбул Гранд Аирпорт) во Истанбул ги смируваат нервозните патници пред нивниот лет.

Аеродромот ја спроведуваше програмата изминатиот месец за да помогне во намалувањето на стресот и вознемиреноста кај патниците кои минуваат низ неговите терминали, објави Ројтерс.

Клекната да го погали кучето Куки, патничката Анастасија Подмазова ја пофали услугата.

„Таа ме опушта. Ги сакам животните. Многу е добра", рече таа.

По позитивните повратни информации од патниците, аеродромскиот оператор ИГА сака да го прошири проектот, зголемувајќи го бројот на кучиња достапни за утеха на патниците од пет на 10, рече Абдулкадир Демирташ, менаџер за искуство со клиенти.

„Патувањето може да биде стресно... Според истражувањата, интеракцијата меѓу животните и луѓето го намалува нивото на стрес и анксиозност“, вели Демирташ.

Мурат Џенгиз Коџа, експерт за однесување на кучиња и тренер кој ги придружува кучињата на аеродромот, рече дека животните се обучени да не реагираат на звуци или луѓе.

„Кучињата што ги избравме овде поминаа низ едногодишен процес и обука. Тие се тука денес затоа што беа успешни“, нагласи тој.

Според истражувањата, интеракцијата меѓу животните и луѓето го намалува нивото на стрес и анксиозност Reuters
TRT Balkan / агенции
Популарни