Царските пингвини се највисоките и најтешките од 18-те видови пингвини, тие можат да тежат до 40 килограми и да бидат високи 1,1 метар / Photo: Reuters

Царски пингвин гo изненади локалното население кога се појави на плажа во Австралија по патување од илјадници километри од својот дом на Антарктикот.

„Пингвинот пристигна на плажата Оушн, во западна Австралија, на 10 ноември, се вели во соопштението на австралиското одделение за биолошка разновидност, зачувување и атракции (ДБЦА).

За пингвинот во Австралија се грижел експерт за грижа за диви животни, Керол Биндулф, која го нарекол Гас, по првиот римски император Август.

Биндулф рече дека првично била загрижена дека Гас нема да преживее бидејќи бил неухранет, истакнувајќи дека ќе ѝ недостига по неколку „неверојатни недели“.

Гас се здебелил повеќе од три килограми додека Биндулф се грижела за него и сега тежи 24,7 килограми, а здравиот машки царски пингвин може да достигне тежина и до 45 килограми.

Тој беше пуштен назад во Јужниот Океан во средата од брод на австралиската служба за паркови и диви животни што пловел од јужниот град Албани.

Оушн Бич е повеќе од 3.540 километри северно од Антарктикот, што укажува на тоа дека пингвинот веројатно пливал многу подалеку за да стигне до Австралија.

Белинда Кенел, истражувач на Универзитетот во Западна Австралија, изјави за австралиската телевизија дека ова е прв пат царски пингвин да биде виден толку далеку од Антарктикот.

„Пингвинот можеби ја следел струјата северно на Антарктикот. Она што тие обично го прават е да следат одредени струи каде што наоѓаат многу различни видови храна“, рече Кенел.

Царскиот пингвин никогаш порано не бил виден во Австралија, иако неколку единки успеале да стигнат до Нов Зеланд.

Царските пингвини се највисоките и најтешките од 18-те видови пингвини, тие можат да тежат до 40 килограми и да бидат високи 1,1 метар.

Женката снесува по едно јајце по сезона на парење, а потоа му го предава на својот машки партнер да се инкубира додека таа бара храна околу два месеци.

Животните се наоѓаат во дивината само на Антарктикот.

TRT Balkan / агенции
Популарни