Балканската музика претставува уникатна форма на музика во Европа бидејќи е врска помеѓу Истокот и Западот. Низ историјата, балканската музика била под влијание од сите страни, медитеранска, римска, арапска, ориентална и словенска.
Османлиската култура извршила големо влијание на музиката на Балканот, особено преку јазикот. Турскиот јазик има видливо влијание во Балканот па и натаму во говорот многу често се користат зборови на турски.
Професорот Абдула Акат од Државниот конзерваториум на Универзитетот во Истанбул со фокус на балканската музика, смета дека долгото присуство на Османлиската империја во регионот ја продлабочило интеракцијата на културно поле, создавајќи заеднички животни навики и ова низ времето се одразило и во музичките традиции.
Како што вели професорот Акат, ова е резултат на директниот контакт на луѓето од Балканот со Османлиската империја. Низ годините, турскиот јазик ги продлабочил корените во секојдневието на Балканот како што јазикот се користел во општествениот живот и владините институции. Со секојдневната употреба, зборовите и терминологијата се префрлиле во речиси сите јазици на Балканот.
Песните се најдобра слика за јазичната размена
Најдобро влијанието на турскиот јазик може да се види во традиционалните песни кои изразуваат силни чувства и емоции. Овој вид на структура на зборови во балканските и турскиот јазик може да се разликуваат, но значењето и конотацијата на зборови се многу блиски меѓу нив.
Професорот Акат исто така додава дека „турските изрази на силно изразени чувства кои често се сретнуваат во регионот, станале дел од традиционалните песни на различни јазици на Балканот“.
Постојат неколку академски трудови за преземени зборови од турскиот во балканските јазици. На пример, српскиот јазик позајмил околу 8.742 зборови, од кои 6.500 сè уште се користат, според трудот „Турцизми во српскохрватскиот јазик“ на Абдула Шкаљиќ.
Во српската песна „Прелетеше птице ластавице“ (Прелетаа птички ластовички), се користи зборот „дилбер“ кој значи многу убава, атрактивна жена. Зборот „дилбер“ често се користи во класичната турска литература и често се сретнува во балканските песни.
Во трудот „Турцизми во народниот говор и народното творештво на Босна и Херцеговина“ на Абдула Шкаљич пишува дека околу 9.000 турцизми се користат во босанскиот јазик.
Во босанската песна „Девојко анадолко“, може да слушнете неколку турски зборови. На пример зборовите бадем, шербет, севдах и други кои се позајмени од турскиот.
Покрај во српски и босански песни, слични турски зборови можете да слушнете и во хрватските и црногорските песни.
Делото на Оливера Настева „Турските лексички елементи во македонскиот јазик“ покажува дека македонскиот јазик има околу 4.500-5.000 турски „позајмици“.
Во македонската песна „Благуно дејче мори пожаранче“ се слушаат турските зборови во стиховите „отвори ми џам ’ли пенџер“, и „деј гиди Аце море аџамија“. Во превод би значело „отвори ми го прозорецот“ и „еј бре млад Аце“ кои се слични со турската синтакса.
Некои турколози проценуваат дека албанскиот јазик има позајмено околу 4.400 зборови. Во Речникот на современиот албански јазик впишани се околу 1.400 од нив.
Во песната „Mora mandolinën“ (Ја зедов мандолината) има неколку турски зборови. Може да ги слушнете „сокак, кајмак, мерак, чаршија“ и „вај, вај, вај“ (леле, леле, леле) изрека која често се користи во турските песни.
Според проф. Акат луѓето на Балканот можеби не се свесни дека ова се турски зборови. Како и да е, тој вели дека „според моите опсервации на терен, можам да кажам дека бројот на луѓе кои го знаат значењето на турските зборови постепено се намалува во зависност од генерациите, нивото на образование, интересите и итн. Сепак, треба да се забележи дека зголемениот интерес за учење турски јазик од институциите и турските ТВ серии може да доведе до спротивен тренд во блиска иднина“
Овие примери покажуваат дека турските зборови во традиционалните песни треба да се истражат подлабоко со оглед на тоа што турцизмите се органски дел од балканските јазици. Културната размена во јазикот не му припаѓа само на минатото туку и на сегашноста.
Според многу лингвисти, повеќето од јазиците во светот се прилагодуваат и менуваат низ историјата. Тоа е затоа што се тврди дека е невозможно јазиците да останат „чисти“. Поради таа причина, оваа статија не е пишувана за потрага по идентитетот на песните, туку е напишана само за да ја објасни интеракцијата на турскиот јазик и балканската култура што е многу искрена и помалку наивна причина.