Во францускиот главен град Париз скелет на диносаурус стар 150 милиони години ќе биде продаден на аукција.
Според соопштението на аукциската куќа „Друо“, скелетот на диносаурусот од видот „camptosaurus“ ќе биде продаден на аукција на 20 октомври.
Во соопштението се вели дека диносаурусот наречен „Бери“ живеел пред 150 милиони години.
Се истакнува дека цената на скелетот може да достигне и до 1,2 милиони евра.
Скелетот на диносаурусот бил откриен во 2000-тите години во американската сојузна држава Вајоминг, додека 90 отсто од черепот на скелетот заедно со забите бил многу добро сочуван до ден-денес.
Диносаурусот е висок 2 метри, додека палеонтологот Бери Џејмс, по кого го добива името, е познат како прв човек кој го реставрирал скелетот.
Претходно, во 2022 година во аукциската куќа „Друо“, скелет на диносаурус стар 150 милиони години „Зефир“, беше продаден за околу 673.000 евра, додека во 2021 година скелет на диносаурус стар 66 милиони „Биг Џон“ беше продаден за околу 6,6 милиони евра.