Гасеници пристигнале во Франција со жешкиот ветер од Северна Африка, а потоа ги изеле стеблата на лавандата и предизвикале сушење на растенијата / Photo: AFP

Инвазија на гасеници годинава предизвикала загуби тешки милиони долари на одгледувачите на лаванда, тврдат од земјоделското здружение кое ја повика владата на помош.

„Десетици и десетици хектари не беа собрани затоа што не се исплатеше. Ништо не остана“, вели Ален Аубанел, шеф на Здружението за парфеми, ароми и лековити растенија ППАМ, со седиште во Маноскју во јужна Франција.

Земјоделците во некои случаи изгубија 90 отсто од жетвата, изјави тој за ДПА.

„Загубата ја проценуваме на неколку милиони евра, рече тој.

Од Министерството за земјоделство штетите ги оценија како големи.

Се вели дека виновниците се гасеници кои пристигнале во Франција со жешкиот ветер од Северна Африка, а потоа ги изеле стеблата на лавандата и предизвикале сушење на растенијата.

Наместо виолетови, полињата со лаванда, кои се популарни и како дестинации за одмор и мотиви со разгледници, ова лето се сиво-кафени.

„Главно се погодени департманите Алпи, Горна Прованса, Воклуз и Дром, а особено традиционалните области за одгледување во планините, што значи токму областите каде што земјоделците тешко можат да одгледуваат нешто друго, вели Аубанел.

Тоа што многу повеќе се погодени планинските обработливи површини се должи на фактот што таму жетвата почна подоцна.

Аубанел проценува дека најмалку 50 проценти од посевите се изгубени од штетната гасеница во планинската област на регионот Дром.

Популарни