Оние што сакаат да ѝ оддадат последна почест на кралицата се предупредени да очекуваат долги редици.                  Фото: Ројтерс

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора денес ќе биде префрлен во Лондон, откако 24 часа беше во катедралата во Единбург, каде нејзиниот син, кралот Чарлс ТретиI, и неговите браќа и сестри одржаа тивко бдение.

Катедралата Св. Гилс во Единбург, каде што граѓаните имаа можност да ѝ оддадат почит на покојната кралица, ќе се затвори во 15 часот по локално време.

Два часа подоцна, ковчегот ќе биде пренесен до аеродромот во Единбург, од каде ќе лета за Лондон во придружба на ќерката на кралицата, Ана.

Ковчегот потоа ќе биде однесен во Бакингемската палата, каде што ќе го пречекаат членовите на кралското семејство.

Ова патување е еден во низата настани што водат до погребот во Лондон на 19 септември.

Оние што сакаат да ѝ оддадат последна почест на кралицата се предупредени да очекуваат долги редици. На луѓето им се препорачува да носат храна и пијалаци, како и соодветна облека.

Последното патување на кралицата на крајот ќе заврши во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор во Лондон, каде што ќе биде погребана заедно со нејзиниот сопруг, принцот Филип, нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, мајката на кралицата и сестрата на кралицата, принцезата Маргарет.

AA
Популарни