Во прилог на ова одат и статистичките податоци кои недвосмислено покажуваат дека кафето на Балакот има долга традиција и за сите претставува вистинско задоволство.
Специјализирината страница за статистика „Ворлд оф статистик“ (World of statistics) на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) неодамна објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно.
Македонските граѓани,според објавените податоци, пијат по 3,6 килограми кафе годишно, со што се најдоа на 18-тата позиција на ранг листата.
Колку кафе годишно пијат другите од регионот?
Од земјите од регионот кои се наведени на листата, Србија е рангирана на седмата позиција, со 5,4 килограми, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе по жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.
Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител. Потоа, следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.
Светски просек: Два килограми кафе годишно по жител
Во првите десет се најде и Австрија, каде жителите годишно пијат 5,5 килограми. Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.
Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе. Светскиот просек е два килограма кафе по глава на жител годишно.