Муслиманите во регионот се подготвуваат за празникот Курбан бајрам     Фото:АА

Муслиманите во Северна Македонија, Албанија и Косово продолжуваат со последните подготовки за прославата на Курбан бајрам, карактеристичен по принесувањето жртва - курбан, кој има симболика на приближување кон Бога.

Бајрамски подготовки во регионот

Во главниот град на Северна Македонија муслиманските верници кои сакаа да купат стока за курбан по повод Курбан бајрам, го посетија Сточниот пазар кој се наоѓа на периферијата на градот.

Еден од продавачите на курбани, од селото Коџалија, Радовишко, истакна дека се задоволни од досегашната продажба и дека оваа година цената на малите курбани, главно овци и овни, се движи од 140 до 240 евра, додека крупниот добиток, како крави и бикови, се продава по цена од 800 до 1.300 евра.

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, Шаќир Фетаху, во својата бајрамска честитка посака овој празник да биде радост, почит еден кон друг, зближување со другите, зголемување на радоста и задоволството на сиромашните, на оние кои имаат тешкотии во животот, простувањето, мирот и солидарноста и приближувањето до задоволството на Бога.

„Врвно посветување кон Бога со сѐ што имаш, претставува висока свест за менување на светот кон воздигнувањето на човекот, кој е најголемата вредност што Бог го создал на земјата“, нагласи Шаќири.

И во Тирана, главниот град на Албанија, верниците го посетија Сточниот пазар. Цената на удел во курбанот оваа година во Албанија изнесува 130 евра.

Верниците во Косово продолжуваат со бајрамските подготовки ден пред Курбан бајрам. Лицата кои сакаа да купат стока за курбан го посетија Сточниот пазар во Приштина. Цените на ситниот добиток се движи од 120 до 150 евра.

Што претставува курбанот?

Празнувањето на Курбан бајрам започнува со бајрамската молитва во раните утрински часови во џамија, продолжува со колењето на курбаните и со посета на најблиските роднини, соседи и пријатели.

Обичајот на принесувањето жртва – курбан, кој има симболика на приближување кон Бога, го изведуваат сите што имаат можност за тоа. Оние што принеле жртва, потоа од месото им раздаваат на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот - на аџиите кои отишле да ја извршат петтата верска обврска (должност) на секој муслиман.

Колењето на курбаните треба да се изврши на начин на кој животните треба да се третираат добро, да не се измачуваат и да се зачува чистотата на околината.

AA
Популарни