Двата бајрамски празници во муслиманската заедница ширум светот ги претставуваат најистакнатите денови во годината. Двата празници се слават на сличен начин, но се одбележуваат различни настани во исламот.
Во продолжение ви пренесуваме дел од фактите кои ги разликуваат овие два големи празници меѓу муслиманите.
Фитр Бајрам: Крај на месецот на постот
За секоја година на крајот на месецот на постот - Рамазан, на првиот ден од месецот Шевал - 10-тиот месец од исламскиот календар, муслиманите го слават денот на Рамазан Бајрам. Радоста на овој ден го означува и крајот на месецот на постот.
Карактеристика на овој празник е задолжителната милостина која мора да се даде пред да се изврши намазот Бајрам. Кај муслиманите ова доброчинство е познато како „Зекат ал-фитр“, што значи издвојување на одредена сума на богатство за плаќање поради недостатоците и пропустите направени за време на постот.
Зборот „ал-фитр“ значи нов почеток или природност. Верниците, почнувајќи од овој ден се враќаат на своето секојдневие, тоа се должи на фактот што веќе имаа можност да се прочистат во текот на месецот Рамазан.
Фитр Бајрам во земјите од регионот се нарекува уште и Рамазан бајрам. Причината за ова се заснова на фактот дека овој празник следи веднаш по Рамазан.
Курбан бајрам или празник на жртвување
Два месеци и неколку дена по Курбан Бајрам, на 10-тиот ден од Зул-Хиџа, дванаесеттиот месец од исламскиот календар, муслиманите почнуваат да го одбележуваат Курбан бајрам. Четиридневниот празник ја одбележува подготвеноста на божјиот пратеник Ибрахим да го жртвува својот син Исмаил на Бога, откако му било заповедано да го стори тоа во сон, како што е наведено во светата книга Куранот.
Обичајот на принесувањето жртва – курбан, кој има симболика на приближување кон Бога, го изведуваат сите што имаат можност за тоа.
Оние што принеле жртва, потоа од месото им раздаваат на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот - на аџиите кои отишле да ја извршат петтата верска обврска (должност) на секој муслиман.
Колењето на курбаните треба да се изврши на начин на кој животните треба да се третираат добро, да не се измачуваат и да се зачува чистотата на околината.