Под урнатините од земјотресот: Фотографии и спомени од среќните времиња / Photo: AA

Семејните фотографии и спoмените од среќните времиња останаа под урнатините во турскиот Хатај по разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужна Туркије и Сирија.

Екипите на терен сѐ уште работат на потрага и спасување на луѓето под урнатините. При чистењето на урнатините наоѓаат и многу спомени.

Има семејни фотографии, фотоалбуми од посреќни времиња. Некогаш среќните домови сега се претворени во урнатини.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија 11 области, уништувајќи илјадници згради и погодувајќи повеќе од 13 милиони луѓе.

Според досегашните информации во земјотресите што го погодија југот на Туркије на 6 февруари, загинаа најмалку 38.044 луѓе, соопшти Управата за справување со катастрофи (АФАД).

Земјотреси го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 беа повредени.

AA
Популарни