Во автобиографијата принцот Хари ги објаснува неговите односи со другите членови на кралското семејство / Photo: Reuters

Односите во кралското семејство во Велика Британија и натаму се во фокусот на јавноста. Ако во минатото тема за дебата и заострување на односите беше интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, сега тоа е случајот со автобиографијата на Хари која предизвикува нови турбуленции. Во неа Хари го опишува неговиот однос со братот Вилијам, таткото Чарлс кој беше крунисан како нов крал, неговата баба, неодамна починатата кралица Елизабета Втора.

Во мемоарите, Хари признава дека неговата адолесценција ја одбележале дрогата и алкохолот, а поради одлуката на јавноста да и ги открие семејните тајни, неговата популарност во Велика Британија паднала. Во мемоарите има обвинувања и на адреса на неговиот татко Кралот Чарлс Трети, братот Вилијам, кралицата Камила и принцезата Кејт.

„Чарлс треба да биде крунисан за крал на 6 мај 2023 година, но навистина не гледам како би било можно семејно помирување. Хари кажа толку многу работи кои се очигледно навредливи за членовите на семејството, лични детали што многумина сметаат дека не требало да ги објави јавно, изјави Полин Мекларан, професорка на лондонскиот универзитет Кингс Холовеј и автор на книга за монархијата.

„Ако тој имаше некаква емпатија или сочувство, што треба да биде во сржта на фондацијата Арчевел (која Хари ја основа со неговата сопруга Меган Маркл), таа некако се изгуби во сето ова“, додаде таа.

Хари во мемоарите меѓу другото открива дека татко му не го прегрнал кога му кажал дека мајка му Дијана починала, кога тој имал само 12 години, туку го оставил сам во својата соба.

„Кралот не е роден да биде самохран родител”, вели Хари.

Непријателот Вилијам

Но најголемата одмазда во биографијата, Хари ја чува за неговиот брат Вилијам. Прикажувајќи го како личност со лош карактер Хари тврди дека Вилијам никогаш не ѝ дал шанса на неговата сопруга Меган, сметајќи ја за непријатна и зајадлива.

Работите ескалирале во 2019 година кога, како што тврди Хари, неговиот брат го турнал на земја. Хари, исто така, го опиша доживотното ривалство со наследникот Вилијам, откривајќи ја суровата реалност на кралската хиерархија. Хари ја обвинува и Камила дека долги години играла игра чија цел бил брак и освојување на круната.

Од биографијата се дознава дека кралицата Елизабета Втора на првата средба со Меган, сопругата на Хари, ја прашала што мисли таа за Доналд Трамп кој бил кандидат за претседател на САД. Хари открива и дека кога се иселил од кралската резиденција во Лондон, Камила ја претворила неговата соба во соба за гардероба.

Принцот Хари за смртта на неговата баба кралицата Елизабета дознал на интернет страницата на Би-Би-Си и дека сам отпатувал во Шкотска бидејќи му било кажано дека членовите на семејството отпатувале со авион.

Поделено семејство

Хари признава дека долго време не разговарал со својот брат и татко и ја отфрла можноста да се врати и да работи за кралското семејство. Тој исто така одби да каже дали ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко во мај годинава.

„Расколот не можеше да биде поголем пред оваа книга”, рече тој.

Списокот на луѓе на кои им се заблагодарува на крајот од книгата е на две страници, но во него нема ниту еден член од кралското семејство.

TRT Balkan / агенции
Популарни