Кои професии имаат најмногу доверба во јавноста, а кои најмалку? / Photo: TRT Balkan

Прашањето за тоа во кои професии имаме најмногу доверба е исклучително важно во време на кризите, без оглед дали се тие финансиски, здравствени, безбедносни или пак од некој друг карактер.

Професионалното и одговорното однесување на стручните лица во кризните времиња значи спасување човечки животи, спречување материјални загуби и опоравување на општеството.

Токму Глобалниот индекс на доверба (ГИД) на Ипсос го прикажува нивото на доверба во многу различни професии. Глобалниот индекс на доверба за 2022 година открива дека лекарите и научниците се сметаат за професии со најголема доверба во светот. Индексот ја следи довербата во многу професии од 2018 година.

Лекарите остануваат со најголема доверба во јавноста

Онлајн истражувањето спроведено во 28 земји ширум светот, покажува дека со просек од 59% лекарите уживаат најголема доверба во јавноста, а по лекарите следуваат научниците со 57%, а треторангирани според довербата се наставниците со 52%.

Најмала доверба во политичарите

Професии со најмногу доверба: Лекарите на врвот, политичарите на дното     Фото: TRT Balkan

Како и во претходните години, јавноста има најмалку доверба во политичарите кои имаат само 12% глобален просек. По нив следат министрите во владите со 16% и директорите за маркетинг со 18%.

Доколку се фокусираме на трендовите од 2018 година меѓу 22 земји, ќе забележиме дека нивото на доверба во лекарите и научниците бележи пад во споредба со нивните високи оценки поттикнати од пандемијата во 2021 година. Сепак, тие само се вратија на позицијата што ја имаа пред пандемијата, според Глобалниот индекс на доверба.

Довербата во лекарите опадна за шест процентни поени, додека научниците забележаа намалување од четири поени - иако и двете професии од 2018 година, од кога се мери индексот, се на првата и втората позиција секоја година.

Шпанија светски лидер во довербата кон лекарите

Шпанија е светски лидер во доверба на лекарите, со 71% од граѓаните кои имаат доверба во оваа професија. Голема доверба во лекарите имаат и граѓаните на Мексико со 70%, како и Холандија со 69%. Довербата во лекарите благо опадна во Велика Британија, која беше нација со најголема доверба кон лекарите во 2021 година. Истражувањето покажува дека 66% од Британците имаат најголема доверба во лекарите, додека минатата година довербата била поголема за пет проценти.

На научниците најмногу им веруваат кинеските граѓани со 71%, како и оние во Мексико со 70% и Шпанија со 70%.

Наставниците остануваат трета професија со најголема доверба четврта година по ред, со просек на доверба од 52 %. Земјите каде за наставниците има најголема доверба се Кина со 66%, Бразил со 64% и Чиле со 63%, додека оваа професија најмала доверба ужива кај Јапонците, Јужнокорејците и Полјаците.

Како и претходните години, политичарите, владините министри и директорите за маркетинг се издвојуваат како професии со најмалку доверба.

Оваа година, само 12% од глобалниот просек ги оценува политичарите како доверливи, додека 16% го велат истото за владините министри и 18% за директорите за маркетинг.

Овие резултати се во согласност со оние забележани минатата година. Довербата кон политичарите е најниска во Перу, Аргентина и Чиле.

Ова се резултатите од онлајн анкетата на Ипсос спроведена помеѓу 27 мај и 10 јуни 2022 година, во која учествувале 21.515 лица.

Истражувањето е спроведено во 28 земји низ светот.

TRT Balkan
Популарни