Локалните власти во септември одлучија да воведат такса за влез во градот од пет евра, која ќе стапи на сила од април / Photo: Reuters

Венеција ќе ги забрани туристичките групи со повеќе од 25 луѓе, како и звучниците на таквите тури, објави во саботата нејзиниот градски совет.

Новите правила, кои стапуваат на сила од 1 јуни 2024 година, ќе забранат и застанување на тесни улици, мостови или други фреквентни места.

Овие одлуки се дел од обидот да се ограничи масовниот туризам кој негативно влијае на познатиот италијански град.

Тие ќе се однесуваат на центарот на Венеција и на островите Мурано, Бурано и Торчело, а беа воведени за да се заштитат граѓаните од бучава и немири, објави Советот.

Масовниот туризам со децении ѝ прави проблеми на Венеција, една од најпознатите туристички дестинации во светот.

Историскиот центар на градот веќе нема ни 50.000 постојани жители, а во шпицот на сезоната секојдневно има двојно повеќе туристи, пишува агенцијата ДПА.

Локалните власти во септември одлучија да воведат такса за влез во градот од пет евра, која ќе стапи на сила од април.


TRT Balkan / агенции
Популарни