Возраста на која жените за првпат одлучуваат и стануваат мајки се зголемила, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат.               Фото: Ројтерс архива

Возраста на која жените за првпат одлучуваат и стануваат мајки се зголемила, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат. Според овие податоци, просечната возраст на жените на која го добиле своето прво дете постојано расте, но исто така варира од земја до земја. Па така, ако во 2013 година просечната возраст на жените кои го родиле своето прво дете била 28,8 години, таа достигнала 29,7 години во 2021 година.

Бугарките најрано стануваат мајки

Просечната возраст кога жените го добиваат своето прво дете варира до пет години помеѓу различни земји-членки. Во 2021 година, жените од Бугарија имале најниска просечна возраст на која го добиле првото дете-26,5 години.

Шпанија и Италија по 30-тата година

Жените во Шпанија и во Италија најдоцна го родиле своето прво дете, покажува статистиката на Евростат. Во овие земји, просечната возраст кога жените го родиле своето прво дете била 31,6 години.

Следни на листата се Ирска со 31,2 години, Холандија-30,3, Германија-30,1 , Франција-29,1 ,Унгарија- 28,6 , Полска-28,1 и Латвија 27,7 години.

TRT Balkan
Популарни