Живеењето во близина на зелени површини не прави 2,5 години помлади / Photo: Reuters

Градските паркови и зелените површини помагаат во борбата против жештината, ја зајакнуваат биолошката разновидност и влеваат чувство на мир во урбаната џунгла.

Тие, исто така, помагаат да се забави биолошкото стареење, при што се покажа дека луѓето кои имаат пристап до зелените површини се просечно 2,5 години биолошки помлади од оние кои немаат паркови и зелени поврини во нивната околина, објави новата студија во списанието Science Advances.

„Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст“, ​​изјави за АФП Кјезу Ким, главен автор на студијата и постдокторанд на Медицинската школа Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн.

„Веруваме дека нашите наоди имаат значителни импликации за урбаното планирање во смисла на проширување на зелената инфраструктура за промовирање на јавното здравје и намалување на здравствените разлики“, додаде таа.

Изложеноста на зелените површини претходно беше поврзувана со подобро кардиоваскуларно здравје и пониски стапки на смртност. Се смета дека причината за подмладувањето е поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво. За да го истражи ова, тимот кој стои зад студијата ги истражуваше хемиските модификации на ДНК познати како „метилација“.

Претходните истражувања покажа дека таканаречените „епигенетски часовници“ базирани на метилација на ДНК можат да бидат добри предиктори за здравствени состојби како што се кардиоваскуларните болести, ракот, когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години.

Ким и нејзините колеги следеа повеќе од 900 белци и афроамериканци од четири американски градови- Бирмингем, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години (1986 - 2006 година). Користејќи сателитски снимки, тимот процени колку адресите на живеење на учесниците се блиски до околната вегетација и паркови и ги усогласи податоците со примероците од крв земени на 15.та и 20.та година од истражувањето за да се утврди нивната биолошка старост.

Тимот изработи статистички модели за процененка на резултатите и контрола на другите варијабли како што се образованието, приходите и факторите на однесување, како што е пушењето, кои би можеле да влијаат на резултатите.

Така откриле дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години помлади биолошки во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година биолошки помлади, додека белците биле три години помлади.

„Останати фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга сопштествена поддршка може да влијаат на степенот на корисноста на зелените површини во однос на биолошкото стареење“, рече Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања.

На пример, парковите во сиромашните населби кои се користат за нелегални активности може да бидат поретко посетени, што ги негира придобивките.

Следните чекори би можеле да вклучат истражување за врската помеѓу зелените површини и специфичните здравствени резултати, додаде таа.

Исто така, сè уште не е јасно како точно зеленилото го забавува стареењето, додаде таа.

Епидемиологот Мануел Франко од Универзитетите Алкала и Џон Хопкинс го нарече истражувањето „добро дизајнирана студија“.

„Имаме повеќе и подобри научни докази за зголемување и промовирање на користењето на урбаните зелени површини“, додаде Франко, кој не беше вклучен во студијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни