Кои се најпознатите фестивали на документарен филм од регионот?     Фото: TRT Balkan

Во продолжение ви ги донесуваме четирите фестивали на документарен филм од земјите во регионот за кои вреди да знаете.

MakeDox

Македокс - повеќеслојна платформа со мирис на кромид е паролата на овој фестивал на документарни филмови. Во изминатите 12 години „МакеДокс“ се одржува во Скопје, во август.

Настана како идеја на неколку документаристи, а прерасна во платформа која има форум, патувачко кино и работилница.

Интересно за „МакеДокс” е тоа што, неговите креативци покрај официјалниот фестивалски дел имаат и една друга мисија, да ја доближат магијата на гледање филмови на отворено, во руралните средини на Северна Македонија.

Главна цел на форумот кој се одржува во рамките на овој фестивал на документарен филм е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји

Секое издание на фестивалот има различен фокус, додека последно одржаното 12. Издание на „МакеДокс“, за фокус ја имаше дистрибуцијата на документарниот филм со посебен акцент на промоцијата на филмовите на фестивалите низ Европа.

Исто така, меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои се одржуваат секој ден за време на фестивалот во Куршумли-ан во Старата скопска чаршија.

„МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм, Град Скопје, повеќе институти, амбасади, задруженија и медиуми.

Beldocs

„Белдокс” е еден од најголемите документарни филмски фестивали на Балканот, кој се одржува во Белград, главниот град на Србија. Првото издание на овој филмски фестивал е одржано во 2008 година, а екипата која работи на фестивалот се труди да направи еден единствен простор во кој ќе се слави специфичноста на документарниот филм и отворено ќе се дебатира за темите кои го засегаат општеството.

Од „Белдокс” со гордост се присетуваат на патот кој го поминале од првиот фестивал до денес – од скромно, ревијално издание во текот на кое се прикажани 15 филмови од година во година. „Белдокс” има четири натпреварувачки програми (српски, меѓународен, најдобар краток документарец и тинејџерски), преку стотици филмови, десетици светски и регонални премиери, две ретроспективи и земја во фокусот.

Во рамките на фестивалот се развиваат и идни домашни и странски проекти. Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Србија, ЕУ и бројни домашни медиуми.

DokuFest

Косово може да се пофали со свој фестивал на документарен филм со интернационално реноме.

„Докуфест” е меѓународен фестивал на документарен филм и кратки филмови што се одржува во косовскиот град Призрен, секоја година во текот на август.

„Докуфест” е основан во 2002 година од група ентузијасти во документаристиката. Оттогаш прерасна во културен настан кој привлекува меѓународни и регионални уметници и публика.

Филмовите се прикажуваат во текот на осумдневниот фестивал и се придружени со програми, активности и работилници.

Низ годините „Докуфест“ прерасна и се прошири во еден од најважните фестивали на документарен и краток филм во Југоисточна Европа. Од 2019 година „Докуфест“ е квалификациски фестивал за кратки филмови на БАФТА (Британска академија на филмска и телевизиска уметност).

AJB DOC

„AJB DOC” - Меѓународен фестивал на документарен филм во организација на телевизиската куќа Ал Џезеира Балканс, што се одржува во Сараево од 2018 година. Минатата година го доживеа своето четврто издание, а за годинава е најавено ново издание на овој фестивал.

Целта на „AJB DOC“ е да ги афирмира авторите и документарните филмови во чиј фокус се општествените феномени, ставајќи ги во фокусот универзалните човечки вредности: храброста, вистината, праведноста, толеранцијата и космополитизмот.

Фестивалот се организира во соработка со Ал Џезериа Медиа Нетворк и Ал Џезерира Медиа Институтот.

Турската новинска агенција Анадолија (АА) е глобален комуникациски партнер на овој филмски фестивал.

TRT Balkan
Популарни