Кои се најзастапените народни музички инструменти на Балканот?     Фото: TRT Balkan

„Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а во Македонија ниту едно ниту друго“, гласи старата народна изрека која најдобро го отсликува културниот менталитет на народите од Балканот.

Низ вековите народите во земјите од регионот создавале трајни културни вредности кои станале нераскинлив дел од нивниот културен идентитет.

Традиционалната фолкорна музика низ вековите ја збогатувале различни музички инструменти кои ден денес останале препознатливи. За секој од народите речиси да постои одреден инструмент кој станал негов културен симбол.

ТРТ Балкан истражуваше кои музички инструменти оставиле траг во народните музички творби кои во различни пригоди се изведуваат, а воедно се и своевиден идентитетски елемент за одреден народ.

Македонците со гајда, зурли и тапани

Гајда, кавал, зурли, тапани, шупелка се музичките инструменти кои доминираат во македонскиот народен фоклор. Фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено во руралните средини е гајдата.

Без овие инструменти, речиси да не може да се замисли веселба. Ништо помалку важна не е ниту зурлата. Слична или иста, покрај во Северна Македонија, зурлата се среќава и во соседните земји, меѓу кои во Србија, Косово, Бугарија и Грција.

Некогаш фрулата,сега хармониката

Старинските чобански инструменти како што се фрулата, гајдата, а во поново време и хармониката се меѓу најупотребуваните во српскиот фоклор. Речиси и да не постои српска народна песна, а да ги нема овие иструменти. Постојат дури и песни во кои се пее за фрулата, како за омилен инструмент.

Чефтелијата-најупотребувана во албанскиот фолклор

Во албанскиот музички фолклор, чефтелијата е инструментот кој највеќе се издвојува. Чифтелијата е жичан, традиционален албански инструмент кој и денес игра значителна улога во афирмација на албанскиот музички фолклор.

Популарноста на овој музички инстурмент кај Албанците се гледа и во тоа што речиси секој Албанец знае на него да отсвири барем некоја песна.

Севдалинката и сазот, нераскинлив дел од босанската традиција

Севдалинката е бисер на традиционалната музика на Босна и Херцеговина. Со севдахот Босанците и тагуваат и се радуваат. Таа е босанска, градска, љубовна песна, која е нерасклинлив дел од културниот идентитет на Бошњаците, но и сите други народи кои живеат во БиХ.

Сазот бил доминантниот музички инструмент некогаш при изведувањето на севдалинката, а во поново време хармониката зазема значително место во традиционалната босанска музика.

Во народната босанска музика се користи и шаргијата, жичен иструмент со долг врат. Меѓу другото, овој инструмент се користи во народната музика во речиси сите балкански земји, вклучувајќи ја Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Хрватска.

Црногорците уживаат во звуците на гуслата

Црногорците се познати по своите гусларски песни. Во нивниот традиционален фолклор гуслата може да се нарече „крал на инструментите“. Црногорската гусла и црногорското оро се највпечатливите нешта на нивната култура за која говорат со изразена гордост.

Епските песни во кои ги пејат за јунаците се незамисливи без гуслата. Иако е позната како инстумент својствен за Црногорците, неретко на него се свири и во другите балкански земји.

Тамбурата незаменлива кај Хрватите

Како и во останатите земји од регионот и во хрватскиот традиционален музички фолклор се користат слични инстументи. Но во поголемиот дел на Хрватска, тамбурата е неприкосновен инструмент во хрватските народни песни.

Користат и дрвен дувачки инструмент познат како соплиле кој е сличен на обоата или шаиумот. Овој инструмент и денес е популарен во народната традиција на Истра.

Повеќето од музичките инструменти што се користат во музичкиот фолклор кај одреден народ, се широко распостранети и се застапени во традиционалната музика кај речиси сите останати народи на Балканот.

Карактеристично е тоа што бројните музички инструменти во балканската народна музика датираат од времето на Османлиите, со тоа што низ вековите инструментите се менувале, како и музичките жанрови за кои тие се употребуваат.

TRT Balkan
Популарни