Регион
Полицијата ги затвори Поштенските штедилници на Србија на северот од Косово
Во Косово на 12 мај заврши преодниот период за имплементација на Регулативата на Централната банка на Косово, според која еврото е единствена валута за платежни трансакции, со која српскиот динар беше исклучен од употреба во Косово
Регион
Лајчак: Добро е што почна дијалог за динарот, но потребни се уште средби
Ја поздравувам посветеноста на Косово и Србија да изнајдат трајно решение за заедниците засегнати од последниот декрет на ЦБК за укинување на динарот, денешниот состанок беше прв чекор, но многу политички прашања остануваат неодговорени, рече Лајчак
Регион
Косово: Србите протестираа против забраната за употреба на динарот
Голема лага е дека можеме да отвориме сметки во одредени косовски банки и да си ги подигнеме пензиите, тие банки не ја признаваат исплатата на нашите пензии донесена од ПИО на Србија, рече Душанка Ѓоровиќ од Здружението на обединети пензионери
Регион
Курти и Вучиќ на седницата на СБ на ОН по укинувањето на динарот на Косово
Вуќиќ рече дека Приштина со забрана на динарот има за цел да создаде „неподносливи“ услови за живот и да ги протера Србите од Косово, но, според Курти, декретот не ѝ забранува ниту ја спречува Србија да дава финансиска поддршка за косовските Срби
Регион
Приштина од утре го укинува динарот, но ги одложува казнените мерки
Ниту еден граѓанин нема причина да се плаши од новата регулатива, во соработка со ЦБС ќе побараме соодветен механизам за обезбедување на трансферите што Србија сака да ги испрати до граѓаните на српската заедница на Косово, рече Бислими
Регион
Османи: Да им се даде на граѓаните одреден рок пред укинување на динарот
Во Косово на 1 февруари ќе стапи на сила новата Регулатива на Централната банка за готовинско работење, според која ќе се користи само еврото, што предизвика негативни реакции кај косовските Срби, кои примаат исплати од Србија во динари
Популарни
Популарни написи