Сириските опозициски борци стојат пред оштетениот влез на иранската амбасада во Дамаск, Сирија, 8 декември 2024 година / Photo: Hussein Malla / AP ARCHIVE

За само 9 години, од регионална сила Иран дојде до целосен колапс на своето влијание во регионот. Загубата на Сирија, енергетската криза и „одливот на мозоци“ ја ставија во прашање иднината на земјата која сонуваше да ја оживее персиската величина.

2015. Техеран го слави потпишувањето на нуклеарниот договор со САД. Санкциите се пред укинување, а економијата е подготвена за раст.

„Шиитската полумесечина“- од Средоземното Море до Персискиот Залив - се чини дека е остварен факт.

Иранските посредници ги контролираат клучните точки во регионот: Хезболах во Либан, Асад во Сирија, шиитските милиции во Ирак, Хутите во Јемен.

Врховниот водач Али Хамнеи зборува дека Иран се приближува до „зенит“ на својата моќ. Се чини дека Персиската империја повторно се раѓа во нова форма.

Ожалостените Ирачани за време на последната фаза од погребната поворкА за убиениот генерал Касем Сулејмани, во неговиот роден град Керман на 7 јануари 2020 година / Photo: AFP ARCHIVE AFP Archive

Првите удари дојдоа за време на претседателствувањето на Трамп.

Во 2018 година, тој го раскина нуклеарниот договор и повторно воведе остри санкции.

Иранскиот риал пропадна, инфлацијата вртоглаво порасна.

Но вистинскиот шок дојде со атентатот на генералот Касем Сулејмани во 2020 година. Американски проектил го погоди неговиот конвој токму на аеродромот во Багдад.

Архитектот на иранската експанзија на Блискиот исток веднаш почина. Овој атентат покажа дека дури и најзаштитените функционери на режимот се ранливи. По него следеа серија мистериозни смртни случаи на ирански нуклеарни научници. Пукна непробојната фасада на иранското обезбедување.

Последната капка која ја прелеа чашата

Но, вистинската катастрофа избувна по 7 октомври 2023 година.

Војната на Блискиот Исток го уништи целиот систем на регионално влијание на Иран за неколку месеци. По операцијата на Хамас против Израел, Хезболах беше вовлечен во конфликт со Тел Авив и претрпе катастрофални загуби.

И во декември 2024 година се случи незамисливото - падна режимот на Башар ал Асад во Сирија, клучниот сојузник на Иран.

Падот на Дамаск беше разурнувачки удар.

За една недела, напредните позиции на Иран се повлекоа од Средоземното Море до границата со Ирак - 500 километри поблиску до Иран. Техеран набрзина евакуираше 4.500 свои граѓани од Сирија.

Копнениот коридор до границата со Израел, граден со години, исчезна. Глобалните и регионалните сили - Туркије, ЕУ, Обединетото Кралство и земјите од Персискиот залив веднаш влегоа во вакуумот што настана.

Она што требаше децении да се изгради се урна за помалку од една недела. Иранската револуционерна гарда се обидува да покаже храбро лице. Нејзините генерали тврдат дека Асад одамна станал несигурен сојузник.

Кога Израел ги нападна иранските позиции во Сирија, убивајќи 19 команданти за една година, тој наводно не направил ништо за да ги заштити. Некои дури се сомневаа дека тајно се договарал со Израел.

Но поразите во надворешната политика се само врвот на ледениот брег на иранските проблеми. Земјата доживува тешка енергетска криза: и покрај огромните резерви на нафта и гас, Иранците се без светлина и топлина.

Училиштата се префрлаат на учење на далечина, фабриките се затвораат. Претседателот е принуден да побара од граѓаните „да го намалат термостатот за два степени“.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, лево, и лидерот на сирискиот режим Башар Асад се состанаа во Дамаск на 1 декември 2024 година, неколку дена пред вториот да биде соборен / Photo: AP AP

Уште поалармантен е масовниот егзодус на населението.

Во 2024 година, бројот на ирански студенти во странство достигна историски максимум. Тие заминуваат за Туркије, Канада, Германија - и често не се враќаат.

„Одливот на мозоци“ ги поткопува развојните изгледи на земјата кога тие се најпотребни.

Во меѓувреме, Иран планира да депортира околу два милиони Авганистанци до март 2025 година, што дополнително ќе го дестабилизира пазарот на трудот.

Синдром на ној

Уште поиронични се зборовите на врховниот лидер дека „отпорот“ не е завршен.

„Со оглед на настаните во Сирија, злосторствата што ги вршат ционистичкиот режим и Америка и помошта што им ја даваат другите, тие мислеа дека отпорот е завршен“, рече ајатолахот Али Хамнеи во телевизиско обраќање.

„Тие се длабоко во заблуда“.

Овие зборови беа кажани додека иранските воени сили набрзина го евакуираа Дамаск.

Иран тешко може да продава приказни за „оската на отпорот“ на никого освен на грст непоправливи фантазисти. Земја која се истиснува од Сирија и Ирак, чиј претседател се занимава со заштеда на електрична енергија, тешко може да ја преземе улогата на регионална суперсила.

Противречностите растат во иранската елита. Реформистите долго време ја критикуваа војската за трошење на оскудните ресурси за скапи странски авантури. Сега се надеваат дека поразот на Револуционерната гарда ќе им ја зајакне позицијата.

Според нив, државата треба да се фокусира на економската криза дома.

Навистина, доколку Иран отвореше трговски патишта наместо воени коридори, можеби ќе го заштитеше и своето влијание и економијата. Но историјата не се занимава со хипотетика.

Сонот за „неоперсиска империја“ се урна пред реалноста на современиот свет.

Прашањето сега е дали Иран може да научи од својот пораз и да најде нов пат напред, или ќе продолжи да се држи до духовите на славата од минатото, тонејќи сѐ подлабоко во изолација и криза.

Падот на режимот на Асад може да стане за Техеран не само надворешнополитичка катастрофа, туку момент на вистината, принудувајќи го да ја преиспита својата улога во регионот и во светот.

Сепак, дали Техеран има политичка волја и предвидливост за ова останува големо прашање, а способноста на Иран да се трансформира себеси предизвикува сериозни сомнежи.

TRT World
Популарни