Тим од млади фински инженери ја завршија првата комерцијална инсталација на батерија направена од песок Фото:  Polar Night Energy

Фински истражувачи ја инсталираа првата функционална „песочна батерија“ во светот, која со користење на неквалитетен песок се полни со топлина произведена од евтина струја од сонцето или ветерот и овозможува евтино централно греење.

Овој уред може да складира обновлива енергија со месеци, бидејќи песокот акумулира топлина на околу 500 степени, што потоа може да ги загрее домовите во зима кога енергијата е поскапа.

Програмерите велат дека тоа би можело да ги реши тешкотиите со снабдувањето во текот на целата година, што е главниот проблем на зелената енергија, пишува Би-Би-Си.

Во моментов, повеќето батерии се направени од литиум и се скапи и можат да се справат само со ограничена количина на вишок енергија.

Тим од млади фински инженери ја завршија првата комерцијална инсталација на батерија направена од песок за која веруваат дека може да го реши проблемот со складирањето на евтин начин.

Уредот е инсталиран во електраната Ватајанкоски, која стопанисува со топлификацискиот систем за таа област.

Намотката испушта топол воздух што ја загрева водата за системот за централно греење, која потоа се транспортира во домовите, канцелариите, па дури и во локалниот базен.

Tanjug
Популарни