Македонските граѓани вчера гласаа на првиот круг од претседателските избори / Photo: Reuters

Стево Пендаровски,актуелен македонски претседател и претседателски кандидат на владејачката СДСМ и коалицијата за пет години изгубил околу 142 000 гласови.

Од друга страна Гордана Силјановска Давкова, претседателска кандидатка на опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ придобила околу 44 000 гласови.

Ова го покажува споредбата на резултатите од првиот круг на претседателските избори во 2019 година со резултатите од вчера одржаниот прв круг на изборите за претседател.

Пендаровски по првиот круг од изборите во 2019 година беше во водство. Тогаш освои 322.581 или 17,84 проценти од гласовите. Гордана Силјановска Давкова ја поддржаа 318.341 или 17,61 проценти од гласачите.

На вчерашните избори Силјановска – Давкова оствари убедливо водство. Таа освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. За неа според обработените гласови од 99,03 од избирачките места гласаа 362.682 односно 40,08 проценти од граѓаните.

Пендаровски доби поддршка од 180.306 односно 19,93 проценти од оние граѓани кои излегоа на изборите.

Помалку неважечки ливчиња

Изборните резултати од претседателските избори покажуваат дека за пет години опаднал бројот на неважечки ливчиња. Во 2019 имаше 32.696 или 4,34 проценти неважечки ливчиња. На изборите кои се одржаа вчера неважечки се 24.549 односно 2.71 процент од гласачките ливчиња.

TRT Balkan / агенции
Популарни