Вкупно 37 лица се повредени во Дузџе, каде што е епицентарот на земјотресот, додека други се повредени во Истанбул, Сакарија, Болу и Зонгулдак, соопшти АФАД.        Фото: АА

Силен земјотрес ја погоди северозападната провинција Дузџе во Туркије во средата рано наутро. Повредени се 46 лица, соопшти Управата за вонредни состојби (АФАД).

Вкупно 37 лица се повредени во Дузџе, каде што е епицентарот на земјотресот, додека други се повредени во Истанбул, Сакарија, Болу и Зонгулдак, соопшти АФАД.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузџе веднаш по земјотресот, изјави дека нема жртви.

АФАД соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа Гољака во раните утрински часови. Земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километар.

Почувствуван е и во Истанбул и во други провинции, вклучително и во северозападниот дел на Бола, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик и во западните провинции Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара.

По силниот земјотрес регистрирани се вкупно 74 последователни потреси.

Гувернерот на Дузџе Џевдет Атај изјави дека училиштата ќе бидат затворени во среда поради земјотресот.

TRT Balkan / агенции
Популарни