Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, заедно со албанскиот колега Еди Рама престојува во Киев, на покана на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Стигнавме во Киев со Рама да пружиме искрена поддршка на Украина и нејзините граѓани во одбрана на правото на слобода. Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина во овој тежок момент и хуманитарна катастрофа“, напиша Абазовиќ на Твитер.
Од украинскиот град Ирпин, каде граѓаните доминантно ги напуштија своите домови, Абазовиќ порача дека инфраструкурата на градот е уништена.
Тој наведе дека веднаш по доаѓањето ја посетиле Бороѓанка, град кој е уништен на почетокот на руската инвазија.
„Сведочиме на пеколот на военото разорување. Заедно со Еди Рама се молиме за мир и стоиме цврсто со граѓаните на Украина“, порача Абазовиќ.
Заедничка изјава: Украина да добие статус на кандидат за ЕУ
На средбата на Зеленски со Абазовиќ и Рама, преку видео врска се приклучи и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.
„Заедно со Еди Рама и Дмитар Ковачевски усвоивме Заедничка изјава со која ја поддржуваме Украина да добие статус на кандидат за ЕУ. Во соопштението се наведува дека следниот Самит на ЕУ треба да донесе политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат кон мир, стабилност и просперитет“, објави Абазовиќ на социјалната мрежа Фејсбук.
Црногорскиот премиер во текот на денот се состана со претседателот на Украина Владимир Зеленски, а предвидени се и низа состаноци со други украински функционери.
Претседателот на Владата на Црна Гора ја прифати поканата на Зеленски да го посети главниот град на Украина по телефонскиот разговор кој го имаа минатата недела.
15 јун 2022
Абазовиќ и Рама во Киев: Поддршка за Украина и нејзините граѓани
Премиерите Абазовиќ, Рама и Ковачевски усвоија заедничка изјава со која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ-Албанија
Дванаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација се фокусира на дискусиите за односите меѓу ЕУ и Албанија, прашањата за билатералните односи, последните случувања на Западен Балкан и европската перспектива на Албанија.
Написи во тренд во оваа категорија
Каде во регионот функционираат заедничките гранични премини?
Со потпишување на Протоколот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, на заедничката меѓувладина седница на Косово и Северна Македонија, направен е значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“.
Владата ќе му даде нафта на заем на Град Скопје за автобусите на ЈСП
Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, со што се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата, соопштија од Владата
Што друго би сакале да знаете?
Популарни