Џаферовиќ-Коломина: НАТО посветен на јакнењето на стабилноста во БиХ / Фото: AA

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Шефик Џаферовиќ и заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносни прашања Хавиер Коломина во Сараево разговараа за актуелната ситуација во БиХ, глобалната безбедност, соработката со НАТО и важноста на ангажманот на ЕУФОР во БиХ.

Џаферовиќ, изјавувајќи благодарност на континуираната поддршка на НАТО на БиХ на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции, ја истакна добрата соработка на Вооружените сили на БиХ со НАТО која се огледа низ разни активности и програми.

Тој рече дека Советот на министри на БиХ со усвојувањето на Програмата за реформи на БиХ во 2021 година и 2022 година ја потврди определеноста на земјата за понатамошно спроведување на реформите.

Исто така, Џаферовиќ ја нагласи важноста на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации да го продолжи мандатот на Мисијата на ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина, што ќе придонесе за сигурно опкружување во земјата.

Тој ја оцени и важноста на продолжувањето на соработката на БиХ и НАТО и се заблагодари на заклучоците кои се изнесени за БиХ на неодамна одржаниот Самит на НАТО во Мадрид, кои го потврдуваат продолжувањето на развивањето на партнерството со БиХ и јакнењето на политичкиот дијалог.

Разговарано е и за неодамна завршените Општи избори во БиХ, со констатацијата дека сега е потребно што поскоро да се имплементираат нивните резултати, за да може да се тргне во неопходни реформи.

Џаферовиќ нагласи дека евроатлантскиот пат на БиХ е важен за овозможување реформи потребни на земјата а и на граѓаните кои ќе помогнат во создавање на постабилно и посигурно опкружување и иднината на БиХ.

Заменик помошникот на главниот секретар на НАТО се заблагодари на приемот и рече дека НАТО останува посветен на јакнењето на стабилноста во Босна и Херцеговина и дека мерките на поддршка за изградба на капацитетите на Вооружените сили на БиХ и взаемната соработка ќе бидат продолжени и во наредниот период.

Тој ја нагласи важноста на Одлуката на Европската комисија со која на БиХ и е препорачан статусот на кандидат за полноправно членство во ЕУ и изрази надеж дека по формирањето на власта на БиХ ќе продолжи во позитивен прогрес да ги исполнува преземените обврски и реформи.

На состанокот, во име на членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, присуствуваше неговиот советник Славен Ковачевиќ, соопштено е од Претседателството на БиХ.

TRT Balkan / агенции
Популарни