Во Основниот суд во Елбасан се одржува судска постапка за определување на безбедносната мерка за Фарук Фатих Озер    Фото: АА

Во Основниот суд во Елбасан се одржува судска постапка за определување на безбедносната мерка за Фарук Фатих Озер, основачот на платформата „Тодекс“ (Thodex), кој беше уапсен пред неколку дена во Албанија.

Озер во судот се појави во придружба на полициски сили, а по претставувањето на аргументите на странките ќе биде објавена одлуката за мерката.

Обвинителството во Елбасан побара мерка затвор за Фарук Фатих Озер, оценувајќи дека неговото апсење е законско.

Озер, кој се бараше со црвена потерница од Туркије и беше прогласен за меѓународно барано лице, беше уапсен на 30 август во Албанија. По завршувањето на судскиот процес во Албанија, се очекува тој да биде екстрадиран во Туркије.

Турското обвинителство на 22 април 2021 година официјално ја започна истрагата по жалбите на корисниците дека немале пристап до сметките на берзата за криптовалути „Тодекс“ и дека сопственикот на компанијата ја напуштил земјата.

Потоа беше потврдено дека осомничениот сопственик на компанијата, Фарук Фатих Озер, ја напуштил земјата на 20 април 2021 година.

Турските надлежни органи издадоа наредба за апсење за многу осомничени, меѓу кои и Озер, по кого претходно беше распишана потерница.

На 23 април 2021 година, црвена потерница за Озер издаде и Интерпол.

AA
Популарни