Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ го прими денеска новиот амбасадор на Туркије Јавуз Селим Киран. Новиот турски амбасадор во Хрватска на приемот кај хрватскиот претседател беше придружуван од советникот Фатих Каја и воениот аташе полковникот Озџан Јетиш.
На состанокот во претседателскиот кабинет присуствуваа и советникот на Милановиќ за надворешна и безбедносна политика Невен Пелицариќ, директорот на Управата за Југоисточна Европа Стрибор Кикерец и секретарот во кабинетот за надворешна и европска политика Иван Мутавџиќ.
Јавуз Селим Киран претходно беше заменик-министер за надворешни работи на Туркије од август 2018 до 2022 година односно до преземањето на функцијата амбасадор на Туркије во Хрватска.
AA