Полицијата го идентификува убиецот / Photo: AA

Тројца луѓе се убиени утрово во пукање во бродска компанија во Глифада близу Атина. Грчките медиуми објавија дека нападот го извршил поранешен работник во фирмата, кој потоа се самоубил пред да интервенираат специјалните полициски сили.

Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот.

Според изјавите на повеќе сведоци, осомничениот напаѓач влегол во зградата вооружен со ловечка пушка и пиштол.

Полицијата кажа дека убиецот, идентификуван како 70-годишен египетски државјанин, неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“.

Тој убил двајца мажи и една жена, меѓу кои е и газдата на фирмата.

Убиецот упаднал во зградата по што пукал во вработените, пред да се забарикадира на вториот кат. Преговорите за смирување на ситуацијата траеле неколку часа, но напаѓачот сепак се самоубил.

Портпаролката на полицијата Конзантија Димоглиду изјави дека меѓу жртвите е и сопственикот на компанијата.

„Осомничениот сторител, кој работел за компанијата е пронајден мртов на спротивниот простор од тројцата починати лица во фирмата. Имаше оружје до него и изгледа си пукал во глава“, изјави Димоглиду.

Таа додаде дека полицијата и специјалците влегле во зградата пред да биде пронајден осомничениот убиец и оти се погрижиле вработените безбедно да се евакуираат од зградата.

TRT Balkan / агенции
Популарни