Лидерите на опозицијата ги поканија граѓаните на нов протест пред РИК денеска, но и на студентски протест пред Филозофскиот факултет напладне / Photo: AA

Деветти по ред протест на опозицијата собрана околу коалицијата „Србија против насилството“ и граѓаните се одржа вчера во Белград, а демонстрантите повторно побараа расчистување на сомнежите за нерегуларности за време на изборите во Србија.

Ова е продолжение на протестите организирани од најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“. Причина за собирите се тврдењата на опозицијата за изборни нерегуларности на владејачката Српска напредна партија на изборите на 17 декември, што партијата и претставници на државниот врв ги демантираат.

Протестот започна пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), од каде протестната колона се упати кон Палатата на правдата.

Главното барање на демонстрантите беше да се ослободат 30-те студенти кои беа уапсени по протестите и нередите што се случија во неделата пред градското собрание.

Вчера за прв пат се одржа протест во Краљево.

Лидерите на опозицијата ги поканија граѓаните на нов протест пред РИК денеска во 18 часот, но и на студентски протест на платото пред Филозофскиот факултет во среда напладне.

AA
Популарни