Коста Кецмановиќ на 3 мај уби девет ученици и вработен во обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград. / Photo: AA

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска подигна обвинение од 267 страници против Владимир Кецмановиќ, татко на малолетниот Коста Кецмановиќ. кој на 3 мај уби девет ученици и вработен во обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Обвинителството побара казна од 12 години и продолжување на притворот за Владимир Кецмановиќ, кој се товари за тешко дело против општата безбедност.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, на прес-конференција изјави дека Владимир Кецмановиќ е осомничен дека го обучувал синот да ракува со огнено и воздушно оружје, дека го обучувал и како да стои и дише додека ракува со оружје и да гаѓа во цел.

Кецмановиќ се сомничи и дека оружјето го чувал на непрописен начин во куфери за пренос, а не во куфери за чување оружје.

Стефановиќ наведе дека Коста наполнил шест рамки со 92 куршуми и ги понел на училиште. Прво пукал во вработениот на обезбедувањето, двете ученички на клупата за дежурни и во уште едно девојче, а потоа влегол во училница каде што застрелал шест деца и наставничката по историја.

Непосредно е обвинета и мајката на Коста за недозволено поседување оружје, бидејќи на една чаура од кабинетот по историја била пронајдена нејзина ДНК. Обвинителството бара таа да биде осудена на две и пол години затвор.

Се бара и затворска казна од три години за претседателот на стрелачкиот клуб и инструкторот поради лажен исказ дека не ја виделе обуката на момчето на стрелиштето каде што Коста вежбал со неговиот татко.

TRT Balkan / агенции
Популарни