БиХ: Во невремето што го зафати Брчко почина жена, повеќемина повредени / Photo: AA

Една жена загина синоќа за време на невремето што го зафати Брчко, а повеќе од 20 лица побарале лекарска помош.

Ветерот во Брчко, во северниот дел на Босна и Херцеговина, корнеше дрвја, кршеше гранки и оштети неколку возила.

Во невремето што започна вчера во попладневните часови животот го загуби едно лице во Словенија, а три во Хрватска, од кои две лица во Загреб и едно во Нова Градишка.

По Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, невремето синоќа ги зафати северните делови на Србија и Белград.

TRT Balkan / агенции
Популарни