Претседавачот со Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, ги повика членките на НАТО-сојузот, пријатели на целосна, суверена, мултиетничка, антифашистичка, европска и демократска БиХ, врз основа на Анекс 1А од Дејтонскиот мировен договор и член 7 од Статутот на дистриктот Брчко, да распоредат војници на НАТО на територијата на дистриктот Брчко во Босна и Херцеговина.
Тој го упати овој повик имајќи предвид дека на 11 и 12 јули се одржува Самитот на НАТО, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Западен Балкан.
„Со ваквата одлука превентивно би бил запрен, а потоа и трајно оневозможен проектот за сецесија на босанскохерцеговскиот ентитетот РС (Република Српска) што беше започнат со последните одлуки на НС на РС (Народното собрание на РС). Со тоа истовремено успешно би била отстранета една од најголемите опасности со која се соочува БиХ“, наведе Звиздиќ.
Тој додаде дека огромно мнозинство граѓани на БиХ сакаат мир, стабилност и напредок и со големо задоволство и искрена поддршка би ја дочекале одлуката за НАТО-силите во дистриктот Брчко, БиХ, како трајно решение за долгогодишната антидржавна и сецесионистичка политика.
Тој истакна дека мнозинството, всушност, сите, што го негираат геноцидот и ги величаат воените злосторници, се интересно поврзани со владејачката структура во ентитетот РС и сакаат да ја претворат РС во експозитура на руските интереси во Европа и на Западен Балкан.