Бугарија е во очекување на петтиот парламентарен изборен циклус за две и пол години / Photo: AA

Граѓаните на Бугарија наскоро по петти пат во период од две и пол години ќе излезат на парламентарни избори. Претходните четири изборни циклуси не резултираа со договор за формирање влада. Затоа една од најсиромашните и најнестабилните членки на Европската унија се соочува со политички ќорсокак.

Последниот неуспешен обид за формирање влада во Бугарија беше во октомври минатата година. Седумте партии кои освоија пратенички места во 240-члениот парламент не можеа да ги остават настрана конфликтите и да формираат коалициска влада.

Политичката криза во Бугарија започна во 45-от парламентарен состав, кој беше формиран по општите избори во април 2021 година. Поради неможноста партиите да постигнат консензус за формирање влада, бугарските гласачи излегоа на предвремени избори четири пати. Граѓаните на една од најсиромашните земји во ЕУ се песимисти и се очекува излезноста на изборите да биде многу мала.

Со земјата управуваат привремени влади кои претседателот Румен Радев ги формираше бидејќи не беше формирана влада со гласање доверба од парламентот. Во меѓувреме, Радев 12 пати на партиите им доделуваше мандат да формираат влада.

Радев конечно ѝ даде задача да формира влада на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП), која има 24 места во парламентот и води политика во согласност со поранешната Бугарска комунистичка партија. Но, тие не добија поддршка и од другите партии.

Радев потоа го одреди 2 април за предвремени општи избори, а со друг указ најави дека ќе го распушти парламентот од 3 февруари.

Како се одвива процесот?

Според уставната практика на „парламентарен рулет“ во земјава, доколку најголемата политичка партија не може да формира влада, оваа задача се префрла на втората по големина партија во парламентот.

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов во 240-члениот 48-ми парламент, не успеа во процесот да формира влада.

Борисов, лидерот на ГЕРБ, кој во минатото владееше со земјата околу 12 години, не стана пратеник поради перцепцијата за него во општеството како „претставник на подземјето“. Другите партии во парламентот одбија да преговараат за коалиција со ГЕРБ се додека Борисов беше лидер на партијата.

Партијата Продолжуваме со промените со која копретседаваше поранешниот премиер Кирил Петков, кој беше задолжен да формира влада по ГЕРБ, не успеа во напорите да формира коалиција која би можела да добие доверба од парламентот и не успеа формира влада.

Во последната фаза од процесот, Корнелија Нинова, лидер на Бугарската социјалистичка партија (БСП) во линија со Бугарската комунистичка партија, која беше соборена во Бугарија во 1989 година, не можеше да добие поддршка од парламентот за формирање на Кабинетот.

Каква е уставната процедура?

Според бугарскиот устав, кога ќе дојде до владина криза, претседателот и го доделува мандатот за формирање влада на партијата со најмногу пратеници во парламентот.

Ако таа не успее потоа и го доделува мандатот на втората по големина партија. Во третиот обид претседателот самиот одлучува на која трета партија да и го додели мандатот, пред да се распишат предвремени избори.

Доколку во овој процес не може да се формира влада, земјата повторно оди на предвремени општи избори.

AA
Популарни