Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, кој им го врачи, со што се отвора начинот на закажување на вонредни парламентарни избори.
Мандатот доделен на ИТН беше последна шанса да се формира редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува бугарското радио.
Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот, откако неисполнети му беа вратени три мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Континуирани промени“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев ѝ го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада - мандатарката Марија Габријел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер кој беше предложен од вториот најмоќен кандидат на 49-то свикување на Народното собрание - „Континуирани промени - Демократска Бугарија“, но мандатарот веднаш го врати мандатот.
Третиот мандат за состав на влада, како што предвидува бугарскиот устав, претседателот го доверува на една од останатите парламентарни сили по негова дискреција, во рок од 7 дена. Тоа во овој случај беше ИТН.
Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.