Чавушоглу во Загреб: Туркије поддржува мир и просперитет на регионот     Фото: АА

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, најави скорешна посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Хрватска, при што порача дека неговата земја поддржува мир, стабилност и просперитет на регионот.

На заедничката прес-конференција со шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ-Радман ги пофали односите на двете земји и меѓусебната помош во текот на земјотресот и шумските пожари и наведе дека заеднички ќе работат на унапредување на односите во секој поглед.

Чавушоглу потсети дека обемот на трговската размена помеѓу двете земји константно ќе се зголемува и дека тој обем ќе биде пет милијарди долари во наредниот период од пет години/

„Ќе продолжиме да ги поттикнуваме хрватските претприемачи да инвестираат во Туркије, како и турските претприемачи да инвестираат во Хрватска“, рече Чавушоглу и како потенцијална област за јакнење на соработката ја наведе одбранбената индустрија.

Турскиот министер укажа на важноста на стабилноста на регионот.
„Уште еднаш ја истакнавме важноста на мирот, стабилноста и територијалната целовитост на БиХ, а ќе го продолжиме дијалогот на билатерален и трилатерален план“, рече Чавушоглу и додаде:

„Ставот на Туркије во врска со регионот и посебно БиХ е јасен. Поддржуваме стабилност и просперитет на регионот посебно на БиХ, поддржуваме целовитост на БиХ.“

Тој потсети на неодамна одржаниот состанок со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик во Истанбул, истакнувајќи дека Туркије е на еднаква дистанца со сите партии во БиХ и „според сите се однесува еднакво“.

Изборите во БиХ да се одржат во закажано време

Шефот на турската дипломатија рече дека изборите во БиХ треба да се одржат во закажано време.

„Изборите треба да се одржат на транспарентен начин, во духот на демократијата. Имаме силен советодавен механизам, трилатерален механизам за кој сме согласни да продолжиме помеѓу Туркије, Хрватска и Босна и Херцеговина“, појасни Чавушоглу, потсетувајќи на преговорите во врска со измените на изборниот законик во БиХ.

Во врска со појавата на проекциите на таканаречените амблеми на терористичката организација ПКК на зградите во Стокхолм, главниот шведски град, Чавушоглу потсети дека тие слики се појавиле најпрвин на социјалните мрежи и рече дека надлежните служби потврдиле дека тоа навистина се случило.

„Тоа покажува колку се несоодветни законите на Шведска во борбата против тероризмот. Терористичката организација ПКК е закана по националните интереси и на Шведска и гледаме дека како заложник ги држат шведските власти. Ние поради тоа сакаме да видиме конкретни чекори на Шведска во борба против тероризмот. Што се однесува на Шведска, Финска и нивното членство во НАТО, делегацијата на Туркије ќе престојува во Брисел, но ние нашата решителност во врска со ова прашање веќе му ја претставивме на НАТО и на двете земји“, рече Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија по Загреб го посетува Сараево, а потоа ќе престојува во Приштина, со што ќе ја заокружи регионалната турнеја, коа ги опфати и Србија и Северна Македонија.

AA
Популарни