Партијата на демократскиот прогрес (ПДП) и Јелена Тривиќ во изборната ноќ прогласија победа над противкандидатот од СНСД Милорад Додик, а подоцна победа прогласи и самиот Додик.

Милорад Додик, кандидат на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и коалициските партнери избран е за претседател на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска (РС), со најголем број освоени гласови, објави Дентралната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина.

Суад Арнаутовиќ, претседател на ЦИК, рече дека исходот по контролното броење на гласовите за претседател на РС е непроменет во однос на моментот пред донесувањето на наредбата. Кандидат со највеќе гласови од бошњачкиот народ за потпретседател на РС со гласовите од Главниот центар за броењето гласови е Ќамил Дураковиќ, а од хрватскиот народ Иван Бегиќ.

На денешната итна 73. седница на ЦИК донесена е дополнителна одлука за утврдување и објавување на резултатите на Општите избори во БиХ.

Арнаутовиќ рече дека потполно е неприфатливо кандидати на изборите да им се закануваат на органите за спроведување избори или да условуваат однесување на оваа државна институција.

„Единствен вистински пат е владеењето на правото, всушност обраќање до судовите, во редовна управна и судска постапка за се што се смета дека ЦИК го донела незаконски. Сите они кои имаат намера и понатаму да атакуваат на оваа државна институција мораат да знаат дека ЦИК БиХ нема да делува врз основа на нивните желби и политичките желби туку исклучиво врз основа на Уставот на БиХ и законите на државата БиХ“, рече Арнаутовиќ и додаде дека дискусијата потврдила дека е потребно да се пристапи кон изборни реформи во БиХ.

На усвојувањето на дополнителна одлука претходеше разгледување и усвојување на извештајот на Главниот центар за броење.

Партијата на демократскиот прогрес (ПДП) и Јелена Тривиќ во изборната ноќ прогласија победа над противкандидатот од СНСД Милорад Додик, а подоцна победа прогласи и самиот Додик.

На итната седница на ЦИК БиХ на 10 октомври донесена е одлука за повторно пребројување на гласачките ливчиња за претседател на РС поради „нерегуларности и математички нелогичности“. Ново броење за функцијата претседател и потпретседатели на РС почна на 13 октомври во Главниот центар за броење во сараевската сала „Хуан Антониот Самаранч“ - Зетра.

Централната изборна комисија на БиХ ги утврди резултатите од Општите избори за сите нивоа на власта, освен за претседател на РС со оглед на тоа дека не било завршено повторното пребројување.

Опозициските партии во Бања Лука кон почетокот на месецот во два наврати одржаа и протести поради сомнеж во резултатот од изборите одржани на 2 октомври, укажувајќи на можноста од изборна кражба, а, потоа на 25 октомври и СНСД и коалициските партии одржаа народен митинг со порака дека нема да дозволат „поништување на изборната волја на граѓаните.“

AA
Популарни