Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден, од кои 21 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се пет пожари, во општините Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, во месноста викана Темна бука во Студеничани и Пробиштип, информира денеска Центарот за упрување со кризи (ЦУК).
Под контрола се ставени пожарите во Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Општина Богданци, кај месноста викана Погана кон ветерен парк Богданци и во Општина Пласница, кај село Латово.
ЦУК соопшти дека е изгаснат пожарот кај село Подареш, Општина Радовиш и во Општина Кочани кај селото Пресека. Два пожара се изгаснати на територија на Општина Босилово, кај селото Иловица и кај селото Моноспитово, во Општина Свети Николе, кај Патетино, во Општина Македонска Каменица, кај село Дулица.
Во скопскиот регион изгаснати пожари има во село Студеничани, општина Студеничани, во селата Раштак и Булачани во општина Гази Баба.
Изгаснат е пожарот во Општина Битола, кај „Кромберг и Шуберт“ и кај селото Лопатица, во Општина Прилеп, кај Селце и кај Метеоролошката станица. Три пожари се изгаснати на територија на Општина Липково, кај селата Слупчане, Отља и Матејче, во Општина Кичево, кај Комуналец - Кичево, во Општина Гостивар, кај автопат Гостивар - Тетово, во Општина Чешиново-Облешево, кај село Теранци и во Општина Куманово, кај селата Четирце и Љубодраг.