Протестите беа организирани по апсењето на поранешни функционери на општината во март годинава, обвинети за корупција / Photo: AA

Во Тирана денеска повторно се одржаа граѓански протести со барање за оставка од градоначалникот Ерион Велиај и осуда на корупцијата во општината.

Демонстрантите фрлаа димни бомби и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана, што предизвика мал пожар кој брзо беше изгаснат. Протестот го обезбедуваа десетици припадници на полициските сили.

Протестот беше организиран на покана на претставници на опозициските партии, Демократската партија на Албанија и Партијата на слободата, како и претставници на граѓанското општество.

Изминативе недели во Албанија беа организирани неколку протести за посочување на случаи на корупција во општина Тирана. Протестите претежно се одвиваа со тензични инциденти.

Протестите беа организирани по апсењето на поранешни функционери на општина Тирана во март годинава, обвинети за корупција.

Организаторите предупредија на продолжување на протестот.

AA
Популарни