Движење со лични карти на Балканот, сон во остварување     Фото: TRT Balkan

Движењето преку граница без пасош, само со лични карти во Западен Балкан е реалност за многумина повеќе години. Со исклучок на Косово, граѓаните на земјите од регионот можат слободно да се движат само со лични карти. Таква можност граѓаните на Косово немаат само со Босна и Херцеговина. Но, со потпишување на Договорот за слободно движење со лични карти на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, се очекува оваа пречка на крајот да биде отстранета.

Србија ги прифати личните карти на Косово

Во септември годинава, по многу судири и тензии, Косово и Србија со посредство на меѓународната заедница постигнаа договор за признавање на документите за влез/излез. Така, граѓаните на Косово кон Србија сега можат да патуваат само со лична карта и без никакви дополнителни документи кои некогаш им биле давани на влезот во Србија.

Инаку, со сите останати околни соседи, граѓаните на Косово имаат право да се движат само со лични карти.

Србите во Албанија само со лични карти

На 20 јануари 2021 година стапи на сила договорот меѓу Албанија и Србија за слободно движење со лични карти. Србија беше последната земја од Западен Балкан со која Албанија минатата година постигна договор за признавање на личната карта како патна исправа.

За сите албански државјани кои патуваат во Србија ќе се сметаат за валидни следните документи: пасош, дипломатски пасош, службен пасош, патна исправа за влез (враќање) во Република Албанија, биометриска лична карта. И, обратно, со овие документи од српските власти може да се движите кон Албанија.

Додека за српските државјани кои ќе ја преминат албанската граница валидни ќе се сметаат следните документи: пасош, дипломатски пасош, службен пасош, транзитна дозвола, биометриска лична карта.

Според Министерството за Европа и надворешни работи, Србија е петтата земја која ја нуди оваа можност, заедно со Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во меѓувреме, сите други земји од Западен Балкан со години ги усогласуваа договорите за оптек само со лични карти.




TRT Balkan
Популарни