Најмалку едно лице загина и едно лице исчезна во централна Грција, која е тешко погодена од поплави и свлечишта предизвикани од обилните дождови, објавија локалните медиуми.
Едно лице беше однесено од поплавите во Волос, додека друго лице, 70-годишен сточар, загина како последица на свлечиште предизвикано од силниот дожд во регионот, јави јавната телевизија ЕРТ.
Во Волос, каде што исто така беше поплавена болница, многу возачи останаа заробени во своите автомобили, а противпожарната служба интензивно работеше на нивно спасување.
Според соопштението, одводната мрежа не може да го апсорбира рекордното ниво на дожд.
Во меѓувреме, Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги повика жителите во градовите Солун, Волос, Лариса, Евија и Катерини да бидат внимателни и да го ограничат движењето како мерка на претпазливост против заканата од поплави.
Меѓу другото, Националната опсерваторија на Атина ги советуваше жителите на јужниот регион Пелопонез, регионот на Западен Епир и централниот регион Атика, кој ги опфаќа главниот град Атина и соседниот пристаништен град Пиреја, да преземат мерки на претпазливост по прогнозата за обилни врнежи од дожд во вторник и среда.