Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше за овој случај, барајќи јасен одговор од безбедносните сили.   Фото: АТА

Припадник на обезбедување загина во вооружен напад врз просториите на приватна телевизија ноќеска во главниот град на Албанија, Тирана. Информацијата ја потврди Полициската дирекција во Тирана.

Во соопштението се наведува дека поради неразјаснети околности, неидентификувани лица пукале со огнено оружје кон просториите на телевизијата.

„Како резултат на отворениот оган животот го загубил припадник на обезбедувањето, 60-годишниот П.К.“, се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се вели дека е формирана увидна екипа и се работи на расветлување на случајот, пронаоѓање на докази што ќе послужат за расветлување на случајот, и откривање и фаќање на сторителите.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше за овој случај, барајќи јасен одговор од безбедносните сили.

AA
Популарни