Ердоган: Ја ублажуваме напнатоста во односите на Косово и Србија / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека неговата земја продолжи со напорите во решавањето на политичката задушеност во Босна и Херцеговина и ублажувањето на напнатоста во односите на Косово и Србија.

„Продолживме со напорите во реашавањето на политичката задушеност во Босна и Херцеговина и ублажувањето на напнатоста во односите на Косово и Србија“, рече Ердоган по вчерашниот состанок на кабинетот на турската влада.

Говорејќи за предизвиците во областа на економијата со која неговата земја беше соочена во минатата година, Ердоган рече:

„Најсериозен проблем ни беше инфлацијата, која изнесуваше 64,27 отсто на годишно ниво. Во наредните месеци ќе бидиме како оваа стапка постепено се намалува“.

Тој рече дека оваа година ќе продолжи со својот пат со годишно просечно зголемување на вработените од еден милион.

„Ќе имплементираме програма со која инфлацијата ќе ја спуштиме на 20 отсто“, рече Ердоган.

Тој се осврна на случувањата во Бразил истакнувајќи дека Туркије го осудува насилството против бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

„Сакам да изразам наша така и загриженост поради неодамнешниот инцидент во Бразил. Го осудуваме насилството над Лула, кој легитимно го презеде претседателството на изборите одржани во Бразил“, рече Ердоган.

AA
Популарни