За време на своето обраќање, Ердоган говореше и за борбата против тероризмот.     Фото: АА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот.

„Работиме на воспоставување стабилност, соработка и просперитет на Балканот, со кој имаме длабоки врски“, рече турскиот претседател, говорејќи на отворањето на 13. Конференција на амбасадори што се одржува во Анкара.

Осврнувајќи се на спроведувањето на договорот за извоз на жито од Украина, Ердоган рече:

„Обезбедивме спроведување на договорот за коридорот за извоз на жито. Со ова придонесовме за безбедноста на снабдувањето во светот во време кога кризата со храна е на врата.“

Тој се осврна и на последните израелски напади врз палестинските цивили.

„Џамијата Ал Акса е 'црвена линија' за Туркије“, рече Ердоган, додавајќи:

„Не постои оправдување за убивање деца, бебиња во пелени. Туркије е со палестинскиот народ и браќата од Газа.“

Тој додаде дека Анкара поддржува дводржавно решение за палестинско-израелскиот конфликт и дека го поддржува суверенитетот на Палестина.

За време на своето обраќање, Ердоган говореше и за борбата против тероризмот.

„Ќе продолжиме со нашата борба против тероризмот. Сè уште сме на одлука да воспоставиме безбедносна линија во длабочина од 30 километри по должината на нашата јужна граница“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека наскоро ќе се обединат прстените на безбедносниот појас во Сирија со расчистување на последните области каде што се гнезди терористичката организација ПКК.

„Ниту една земја од НАТО не треба да биде безбедно засолниште за никаквеците на ФЕТО и терористите на ПКК кои бегаат од турското правосудство“, рече Ердоган.

AA
Популарни