Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти.
Како што се наведува во соопштението на Диркцијата за комуникации на Туркије, Вучиќ и Курти му упатија на Ердоган честитки по повод повторниот избор за претседател.
Челниците разговараа и за билатералните односи и регионални прашања.
Претседателот Ердоган истакна дека напредокот во процесот на дијалогот е единствен начин да се воспостави траен мир и стабилност во регионот во контекст на случувањата на сверот на Косово.
Ердоган додаде дека Туркије е спремна да даде придонес во процесот на дијалогот.
Во општините на северот на Косово населени со мнозинско српско население од понеделникот пораснаа тензиит кои прераснаа во насилство.
Локалните Срби се собираат на протести за да искажат незадоволство поради изборот на новите градоначалници, бараат и повлекување на специјални единици на Косовската полиција од зградата на општините. НАТО најави испраќање на дополнителен број војници во Косово.